Поранешниот премиер на Малезија, обвинет за вмешаност во повеќемилионски проневери од државниот инвестициски фонд, пред судот се изјаснил дека не се чувствува виновен.
„Барам судење“, изјавил после изјаснувањето 64-годишниот Наџиб Разак.
Судот одредил кауција за поранешниот премиер од 250.000 долари и наложил да му се предадат двата дипломатски пасоши, пренесе АП.
Наџиб ја обвинил владата на Малезија дека бара „политичка освета“.
Неколку часови по апсењето, Наџиб вчера на социјалните мрежи објавил видео снимка со која им се извинил на сите граѓани на Малезија.