Свет 15. ноември 2019. / 10:02

Поранешниот министер за финансии Мохамед Сафади ќе биде новиот премиер на Либан

Поранешниот министер за финансии Мохамед Сафади ќе биде новиот премиер на Либан

Трите главни либански политички партии се договорија да го кандидираат поранешниот министер за финансии, Могхамед Сафади, за премиер на новата влада, пренесуваат тамошните медиуми.

Договорот е постигнат синоќа меѓу премиерот во заминување Саад Харири, кој е водечкиот сунитски политичар во Либан, и високите политички претставници на шиитските групи Амал и Хезболах.

Засега нема официјален коментар од партиите или од Сафади за номинацијата, пренесоа британските медиуми.

На 29 октомври Харири се повлече од премиерската функција, соочен со бран протести против владеачките политички елити кои, според демонстантите, се виновни за корупцијата и вовлекувањето на Либан во најлошата економска криза од граѓанската војна во 1975 година.

Харири, кој засега останува премиер, оддржа бројни средби зад затворени врати со сите партиии, вклучувајќи го и Хезболах, кој е поддржан од Иран.

Според системот на поделба на власта во земјата, либанскиот премиер мора да биде сунитски муслиман, пренесуваат странските агенции.

Сафади е угледен бизнсмен, кој функцијата министер за финансии ја извршуваше од 2011 до 2014 година, а пред тоа беше министер за економија и трговија