Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон одби да биде кандидат за раководната функцијана Каталонија.
Пуџдемон го предложи Ким Тора за кандидат за регионален лидер.
Пратениците од Каталонија имаат рок до 22 мај да изберат регионален лидер. Доколку ниту еден регионален водач не биде избран до тогаш, Каталонија оди на предвремени избори.
Ким Тора (55) е член на парламентарната група Заедно за Каталонија.
Останува претседателот на каталонскиот парламент, Рожер Торент, официјално да ја покрене кандидатурата на Ким Тора, а Парламентот да го избере.
МИА