Хајнц Фишер во интервју за виенскиот весник Куриeр, рече дека е тажен и разочаран поради одбивањето на Виена да се приклучи кон глобалниот договор за миграција.
Тој истакна дека Република Австрија ќе направи грешка ако дозволи една партија која не живее во мултилатералност, да наметне аргументи кои не можат да преживеат една детална анализа.
„Јасно е дека една одредена партија во владата направила голем притисок. На притисокот требаше да се спротивстави и ќе се добиеше голема поддршка од претседателот, кардиналот и гласачите. Најголемиот дел од граѓаните сметаат дека е исправно учеството во договорот на ОН, бидејќи е важно за вакви проблеми тесно да се соработува. Повлекување од договорот е демонстративен обид тежок проблем, кој допира човечки судбина, да не се третира како глобален проблем. Исто така аргументот дека не постои никаква разлика помеѓу легалната и илегалната миграција е погрешен. Двете се многу различни, но линиите на раздвојување, во зависност од ситуацијата е невозможно лесно да се повлечат.“, објасни поранешниот шеф на австриската држава.
„Тоа е одлука поради која сум навистина разочаран и која кај многу други земји предизвика изненадување“, рече Фишер.
Тој посочи дека пред три месеци не можел да замисли дека Австрија ќе се повлече од договорот и додаде дека сега Австрија е во група со американскиот претседател Доналд Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан.