Свет 14. август 2018. / 19:51

Поранешниот австралиски надбискуп, избегна затворска казна за педофилија

Поранешниот австралиски надбискуп, избегна затворска казна за педофилија

На поранешниот надбискуп на Австралија , кој беше осуден ан затворска казна за прикривање педофилија , судот му ја смени затворската казна.

Поранешниот надбискуп на Австралија , Филип Вилсон, наместо во затвор , ќе ја издржи казната во домашен притвор. Вилсон е највисокиот католички свештеник во светот кој е осуден за педофилски скандал . Тој денеска е осуден на 12 месеци домашен притвор.

Судијата Роберт Стоун од локалниот суд во Њукасл му наложи на Вилсон казната да ја орслужи во домот на неговата сестра и тоа најмалку 6 месеци , по што би се создале услови за можно ослободување. Надбискупот не покажал никакви емоции при изрекувањето на казната , пишуваат медиумите. 67 годишниот свештеник во јули ја напушти функцијата по бројните барања , меѓу кои и од премиерот Малколм Трнбол.

Вилсон бил осуден во мај , а во јули му била изречена казната , која го товари дека не пријавил сексуално злоставување на две момчиња од свештеник – педофил , иако знаел за тоа. Злоставувањето на децата се случило во 70 – тите години од минатиот век.

Сега надбискупот , кој има почетен стадиум на Алцхајмерова болест, покренал јавна кампања за сопствено ослободување.

Судијата кој денеска му ја изрече конечната пресуда, рече дека ги земал во предвид годините на надбискупот , неговата здравствена и ментална состојба и затоа му одредил домашен притвор.