Поранешната каталонска министерка за образование, Клара Понсати, и се предаде на британската полиција, по што судот во Единбург и одреди условно пуштање на слобода.
Шпанија распиша потерница по 62-годишната Понсати, која е професор по економија, поради учество во организирањето на референдум за независноста на Каталонија. Пред станицата каде што Понсати се предида на полицијата, имаше мала група приврзаници на независноста на Каталонија.
Понсати беше регионална министерка за образование, а сега предава економија на Шкотскиот универзитет. Шпанските власти ја обвинуваат за обид за сецесија, бидејќи учествувала во составувањето на декларацијата за независност на Каталонија. Таа во Шпанија би можела да биде осудена на 15 години затвор.
Шпанскиот Врховен суд во октомври осуди девет поранешни претставници на Каталонија на затворски казни од девет до 13 години. Потоа шпанските власти издадоа европски налог за апсење на три лица, од кои едната е Понсати, а другите двајца се во Белгија.
Властите во Мадрид исто така бараат екстрадиција на поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој е во Белгија. Неговиот налог за екстрадиција треба да биде разгледан на 16 декември.