Свет 23. мај 2018. / 10:37

Поранешна Плејбој зајачица го фрлила 7- годишниот син, а потоа и таа скокнала од 25 кат (ВИДЕО)

Поранешна Плејбој зајачица го фрлила 7- годишниот син, а потоа и таа скокнала од 25 кат (ВИДЕО)

Поранешна Плејбој зајачица, Стефани Адамс, извршила самоубиство со скок од 25 спрат во хотел во Менхетен, но пред тоа го фрлила и својот 7- годишен син.

Како можна причина се наведува спорот за старателство кој манекенката го водела со таткото на детето, Николај.

Извор од хотелот каде се случила трагедијата вели дека тие не ја напуштиле собата и не се знае дали оставиле некакво писмо.

„Детето беше нејзин живот.Ова е страшно. Беше толку блиска со него, дури не го пушташе ни на училиште“ велат нејзините пријателки.