Свет 06. ноември 2020. / 16:55

Поранешен советник на Трамп: Фаучи и директорот на ФБИ треба да бидат обезглавени!

Поранешен советник на Трамп: Фаучи и директорот на ФБИ треба да бидат обезглавени!

Банон казнет од Твитер поради коментари со навредлива содржина.

Стив Банон, поранешниот главен советник на Доналд Трамп, доби забрана на Твитер на неопределен период, откако на својот подкаст рече дека главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи и директорот на ФБИ Кристофер Вреј треба „да бидат обезглавени и да се стават на колци пред влезот на Белата куќа“.

„Би им ги ставил главите на колци. Би ги ставил на двата агли на Белата куќа како предупредување до сојузните бирократи – или ја прифативте програмата или повеќе ве нема“, рече Банон.

Неговата портпаролка рече дека Банон не сугерирал на Фаучи и на Вреј навистина да им бидат отсечени главите, туку тоа го кажал метафорички повикувајќи се на крвавата политика на Англија од времето на Тудор.

Таа додаде дека тој „никогаш не повикал на насилство од каков било вид“.

Фејсбук ја отстрани пораката за десетина часа, Јутјуб за нешто помалку додека Твитер реагираше експресно и го банираше Бенон од својата мрежа.