Свет 13. May 2019. / 20:43

Поранешен претседател обвинет за убиство на демонстранти

Поранешен претседател обвинет за убиство на демонстранти

Поранешниот судански претседател Омар ал-Башир е обвинет за убиство на демонстранти за време на протестите против режимот, кои доведоа до крај на неговото владеење, соопшти канцеларијата на главниот обвинител Ал Валед Сајед Ахмед.

– Омар ал Башир и други беа обвинети за поттикнување и вмешаност во убиството на демонстрантите. – се наведува во соопштението.

Обвиненијата против него доаѓаат по истрагата за смртта на еден лекар, кој беше убиен за време на протестите во главниот град.

– Главниот обвинител препорача да се забрза истрагата за убиството на демонстрантите. – соопшти неговата канцеларија.