Поранешниот претседател на Перу , Алберто Фуџимори и тројца негови министри за здравство се обвинети за присилна стерилизација на 2116 луѓе.
Фуџимори , кои издржува 25 годишна затворска казна за кршење на човековите права , осуден е за периодот од последните четири години на неговото владеење од 1996 до 2000 година.
Во тој период биле стерилизирани 272 028 жени и 22 004 мажи , меѓу кои најмногу припадници на сиромашната заедница на домородно население , Кечуа.
Според истрагата , која тапкаше 14 години во место било утврдено дека 2 166 стерилизации биле извршени без согласност од оштетените. Истражителите утврдиле и дека имало најмалку еден смртен случај при спроведувањето на стерилизацијата на населението.