Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак денеска беше испрашуван повеќе од шест часа во рамките на истрагата за кражба и перење пари поврзани со државниот инвестициски фонд, кој акумулираше милијарди долари загуба.
Наџиб во Антикорупскиската комисија негираше дека сторил нешто лошо, но, новиот шеф на антикорупционерите изајви дека тој би можел „многу брзо“ да добие обвинение.
Наџиб во вторникот беше испрашуван повеќе од четири часа во врска со 10,6 милиони долари, кои се префрлени на негова странска банкарска сметка.
На неговата сметка биле префрлени уште 700 милиони долари, соопштија американски истражувачи.
Наџиб го основаше малезискиот државен фонд „1МБД“ во 2009 година, но тој акумулираше големи долгови и случајот се испитува во неколку земји.
Американското Министерство за правда наведува дека соработниците на Наџиб украле и испрале 4,5 милијарди долари од фондот.