Некогашниот чувар во нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, кој се товари по стотина точки за соучесништво во убиства, сведочеше пред судот дека знаел оти Евреите умираат во кампот, но не и дека се убивани.
Деведесет и четиригодишниот Јохан Рехбоген вели дека бил запознаен со лошите услови во кампот, но мислел дека луѓето умирале од болести и епидемија.
Во соопштението кое го прочита неговиот адвокат, Рехбоген вели дека не знаел многу за структурите во внатрешноста на кампот, пренесе „АП“.
-Ми кажаа кое место да го заземам и јас послушав- вели тој.
Обвинителството тврди дека е соучесник бидејќи помогнал во работењето на кампот.
Повеќе од 60.000 лица се убиени во гасните комори во Штутхоф.