Свет 28. ноември 2018. / 16:59

Поранешен министер обвинет за сексуална злоупотреба на баратели на азил

Поранешен министер обвинет за сексуална злоупотреба на баратели на азил

Поранешниот норвешки политичар Свеин Лудвигсен е обвинет за сексуална злоупотреба на три лица кои барале азил, кое траело со години, објави Министерството за правда.

-Државната адвокатска канцеларија го испитува поранешниот политичар за сексуална злоупотреба на три лица, изјави државниот правобранител Тор Борж Нордмо на прес-конференција.

Свеин Лудвигсен (72) е обвинет за злоупотреба на функцијата полициски управител, кој ја искористил тешката положба на тројцата баратели на азил, помлади од него, од кои едниот е со благо ментално нарушување и сексуално ги искористил.

Злоупотребата, како што рекле обвинителите, се случувала во неговиот дом, во хотели и дури во префектурата Тромс, во периодот меѓу 2011 и 2017 година.

Пред да стане полициски управител, поранешниот конзервативец бил на високи државно-политички позиции, меѓу кои и министер за риболов меѓу 2001 и 2005 година.

Лудвигсен ги негира ваквите обвиненија.