Поранешниот британски амбасадор во САД, Кристофер Мејер се наоѓа во болница откако брутално го претепале две лица во лондонското метро на станицата Викторија.
Неговата сопруга изјавила дека повредите на 74 годишниот Мејер се нешто што може да се види во воена зона.
Британската сообраќајна полиција уапсила 15 годишно девојче и 16 годишно момче под сомнение дека ги предизвикале тешките повреди.
Тие не се идентификувани, ниту обвинети, пренесува „АП“.
Нападот се случил вчера, а полицијата соопштила дека повредите не се опасни по живот.