Поранешен белгиски војник (65) се разнел со бомба на фудбалско игралиште во таа земја, објавија локалните медиуми. Иако најпрво властите се сомневале дека станува збор за бомбаш-самоубиец, набрзо биле отфрлени ваквите наводи и било соопштено дека станува збор за човек кој се убил од очај.
Имено, тој оставил проштално писмо во кое напишал дека повеќе не може да живее, објави „Ројтерс“.
Неговата смрт се води како самоубиство, но човекот не е идентификуван. Тој е единствената жртва во експлозијата, бидејќи кога ја активирал направата на теренот немало никој.
„Само мирно се упати кон центарот на стадионот“, изјавил еден од сведоците за самоубиство.