Градските власти во Бангкок одлучија следниве неколку дена да затворат повеќе од 400 училишта поради екстремното ниво на загаденост во воздухот, кое трае веќе извесен период.
Гувернерот на Бангкок нареди затворање на 437 училишта кои се под надлежност на владата и додаде дека некои области од Тајланд се особено погодени од аерозагадувањето.
Властите додадоа дека до петок, беспилотни летала ќе исфрлаат течност која треба да ги уништи штетните честички во воздухот. Веќе неколку дена над Бангкок, авиони исфрлаат хемиски средства со цел да предизвикаат дожд кој ретко паѓа во тој град.
Недостатокот на ветер, влажност и временски услови не дозволуваат природно уништување на штетните честички во воздухот.
Бангкок стана еден од градовите во светот со најголем сообраќаен метеж. Главниот град на Тајланд има околу 9,8 милиони возила.