Свет 13. септември 2018. / 11:54

Поради задолжително неработење во недела 50.000 Италијанци останаа без работа

Поради задолжително неработење во недела 50.000 Италијанци останаа без работа

Италијанските трговски ланци процениле дека ќе морa да отпуштат десетици илјади вработени ако владата не се откаже од предлогот за забрана за работа во недела. Извршниот директор на трговскиот ланец Конад, Франческо Пулесе изјави дека забраната ќе резултира со 40 до 50 илјади откази.

Истовремено ќе се зајакне купувањето на интернет, што пак негативно ќе се одрази и на големите и на малите трговци.

Проценките се дека во неделите пазаруваат околу 19,5 милиони Италијанци. Сегашното законско решение им дозволува на трговците сами да одредат колку часа ќе работат во недела.

Со измените кои се планираат да се воведат до крајот на годината, ќе се ограничи работното време во големите трговски центри.