Богати сопственици на приватни авиони добиваат голем број на барања за превоз на луѓе во Кина во време кога редовните авиокомпании откажуваат редовни летови заради карантинот во Хубеи и другите провинции.
Бројните откажувања на летови мотивира многу луѓе да бидат подготвени да платат за чартер лет и покрај значително повисоката цена.
Од компанијата „Парамаунт бизнис џет“, базирана во Австралија, велат дека тие пријавиле значително зголемување на барањата за нивните услуги уште од почетокот на кризата со вирусот.
И оваа компанија и другите компании кои обично нудат луксуз, малите авиони за изнајмување не можат да одговорат на зголемен интерес поради недостаток на доволно екипажи.
– Многу компании не сакаат да го испратат својот тим во Кина затоа што сметаат дека постои ризик. Тие исто така стравуваат дека дури и ако болеста ги одмине екипажите, тие нема да бидат достапни, бидејќи може да бидат ставени во дво-неделен карантин по враќањето од Кина – вели Дарин Воилс од „Парамаунт“.
Друга луксузна компанија за изнајмување авиони со седиште во Сингапур, „МајЏет Азија“, соопштува дека во изминатиот месец зголемувањето на барањата за услуги е помеѓу 80 и 90 проценти. Тие нагласуваат дека имаат барања од лица во провинцијата Хубеи која е под карантин да платат огромни суми само за да заминат оттаму.
Мал авион може да пренесе до четири патници и чини околу 2.400 долари за еден час, средно голем авион може да пренезе до 10 патници и чини околу 6.000 долари за час.