Свет 24. февруари 2021. / 20:58

Поради висок број на нови случаи, Полска воведува нови рестриктивни мерки

Поради висок број на нови случаи, Полска воведува нови рестриктивни мерки

Полска повторно ќе воведе рестриктивни мерки во североисточниот регион поради евидентирање на релативно висок број на нови случаи на коронавирус во споредба со остатокот од земјата, соопшти денеска министерот за здравство на земјата, Адам Нјеџелски.

На прес-конференцијата, Нјеџелски рече дека во согласност со мерките, од сабота ќе бидат затворени трговски центри, хотели и училишта во Варминско-мазаурското војводство.

– Одлучивме да направиме мал чекор назад, рече министерот.

Тој додаде дека рестриктивните мерки, како што се планира засега, ќе бидат во сила две недели.