Европскиот институт за нуклеарни истражувања , ЦЕРН, му даде отказ денеска на италијанскиот научник , кој изјави дека физиката е за мажи, а дека жените се вработуваат само поради рамноправност на половите.
Професорот Алесандро Струмиа , италијански научник од Универзитетот во Пиза , даде изјава во септември минатата година , кога повеќе жени научници учествуваа на работилница во седиштето на ЦЕРН во Женева на тема ,,Теоријата на високите енергии и полот”.
Повеќето од жените научници , кои учествуваа на работилницата остро го обвинија колегата на социјалните мрежи.
ЦЕРН го суспендираше времено Струмиа , за денеска и дефинитивно да ја прекине соработката со него. Научникот во предавањето со помош на графикони и други помагала докажуваше дека улогата на жените во работите поврзани со физика не се должи на нивното знаење илим квалификуваност , туку добиваат работа само затоа што се жени.
Од 2016 за прв пат директор на ЦЕРН е жена , Италијанката Фабиола Џаноти.
Во последните десет години процентот на жени вработени во ЦЕРН не е зголемен и изнесува помалку од 20%.