Свет 19. септември 2018. / 11:02

Поради перење пари во Естонија поднесе оставка директорот на најголемата данска банка

Поради перење пари во Естонија поднесе оставка директорот на најголемата данска банка

Томас Борген, генералниот директор на „Данска банка“,поднесе оставка неколку часа пред презентацијата на внатрешниот извештај за наводно големо перење пари преку филијала на банка во Естонија.

„Данска банка“ не успеа да ја исполни својата одговорност во случај на евентуално перење пари во Естонија. Жалам поради тоа”, рече Борген во изјавата, додавајќи дека и покрај тоа што според извештајот е „чист”, смета дека е исправно за сите страни да поднесе оставка.

Данските регулатори во мај објавија дека имало „сериозни недостатоци” во активностите на филијалата на „Данска банка“ во Естонија за спречување перење пари, по годинешниот извештај за паричните текови на членовите на семејството на рускиот претседател, Владимир Путин.

Регулаторите ѝ дадоа осум наредби на „Данска банка“, кои требаше да ги исполни до 30 јуни.