Градоначалник на мал град на југот од Италија, кој стана модел за интеграција на мигрантите, е ставен во домашен притвор под сомнение за помагање на илегална имиграција.
Градоначалникот Риас Доменико Лучано е уапсен како дел од истрагата за трошење на околу половина милион евра јавни пари за сместување бегалци и баратели на азил.
Властите наведуваат дека истрагата, исто така, вклучува наоди за лажни бракови со цел жените мигранти да останат во Италија, како и формирање здруженија преку кои мигрантите се вработувале.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, познат по својот тврд став кон мигрантите, го поздрави апсењето на градоначалникот.
„Што ќе кажат сега тие што сакаат да ја наполнат Италија со мигранти“, праша Салвини на социјалната мрежа „Твитер“.