Свет 03. април 2020. / 12:08

Поради коронавирусот е стопирано производството на пивото „Корона“

Поради коронавирусот е стопирано производството на пивото „Корона“

Мексиканската компанија која го прозиведува познатото пиво „Корона“ соопшти дека привремено ќе го стопира производството.

Владата во Мексико објави вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот и нареди суспендирање на неесенцијалните производни активности во земјата.

Според вчерашните податоци, во Мексико заразени се 1.510 лица, а 50 се починати. Најпознатото мексиканско пиво „Корона“ кое се извезува во 180 земји во светот привремено ќе запре со производството од недела.