Свет 31. март 2020. / 14:56

Поради корона вирусот почина јапонскиот комичар што требаше да го носи олимпискиот оган

Поради корона вирусот почина јапонскиот комичар што требаше да го носи олимпискиот оган

Јапонскиот комичар Кен Шимура (70), починал откако бил заразен со корона вирус. Тој е првата позната личност жртва на вирусот во Јапонија.

Шимура ја почна својата кариера во раните 1970-ти и е еден од најпознатите комичари во земјата.

Актерот имал треска и респираторни проблеми, па бил пренесен в болница на 19 март.

Шимура бил хоспитализиран на 20 март поради воспаление на белите дробови, треска и проблеми со дишењето, по што бил ставен на респиратор.

Јапонија во неделата потврди 68 нови случаи на корона вирусот само во Токио, а вкупно 1.800 заразени во земјата. Забележани се вкупно 55 смртни случаи.

Во последно време се подготвувал за нов филм, а бил и одреден да трча со олимпискиот факел во јули, пред да ги одложат Олимписките игри во Токио.