Пролетните средби на ММФ и Светската банка, кои редовно се одржуваат во Вашингтон, поради корона вирусот ќе бидат спроведени во виртуелен формат, соопштија Кристалина Георгиева, директорката на ММФ и Дејвид Малпас, претседателот на СБ.
Средбите годинава требаше да се одржат од 13 до 19 април.
– Вознемирени сме од ситуацијата со ширењето на корона вирусот. Со оглед на ризиците по здравјето на учесниците, раководствата на ММФ и Светската банка, и бордовите на директори, договорија заеднички план за промена на форматот на пролетните средби на ММФ и Светска банка во виртуелен формат – се наведува во објавениот документ.
Поради епидемијата на корона вирус беа откажани низа настани во повеќе земји во светот. Така на пример, се размислува и за откажување на Летните олимписките игри 2020 година во Токио.