Свет 15. ноември 2018. / 15:57

Поради хомофобија Данска ја запре финансиската помош за Танзанија

Поради хомофобија Данска ја запре финансиската помош за Танзанија

Данска ја запре финансиската помош од 65 милиони круни (6,7 мил. евра) за Танзанија, откако еден политичар упати „неприфатливи хомофобични коментари“.

Министерката за развој Ула Торнес не го именуваше функционерот, но изјави дека е многу загрижена по коментарите.

Минатиот месец, Пол Маконда, комесар од Дар ел Салам, ја повика јавноста да ги пријави сите лица за кои се сомнева дека се хомосексуалци.

Маконда додаде дека тој ќе постави екипа за надзор која ќе „лови“ хомосексуалци.

Владата во тој период изјави дека забелешките на Маконда се негов личен став, а не владина политика.

Хомосексуалноста во Танзанија е нелегална и казнива по закон, и до 30 години. Според извори, ваквиот говор на омраза кон хомосексуалците е се почеста појава по изборот на новиот претседател Џон Магуфули во 2015.

Во 2017 година, заменик министерот за здравство на Танзанија ја поддржа идејата да се објават листи со лица кои се идентификуваат како хомосексуалци.