Свет 01. март 2020. / 15:38

Поради епидемијата од корона вирус „Луфтханза“ ги намалува летовите на кратки и средни дестинации

Поради епидемијата од корона вирус „Луфтханза“ ги намалува летовите на кратки и средни дестинации

Германската авио-компанија  „Луфтханза“ во следните неколку недели ќе ги намали за една четвртина своите летови на кратки и средни дестинации. Во соопштение на компанијата се наведува дека таквата одлука доаѓа поради епидемијата од корона вирус.

Поради актуелната ситуација, предизвикана од зголеменото ширење на корона вирусот „Луфтханза Груп“ одлучи да преземе серија дополнителни мерки… Во следните неколку недели бројот на кратки и средни летови ќе се намали – се наведува во соопштението

Компанијата забележува дека траењето на овој период ќе зависи од натамошниот развој на ситуацијата со корона вирусот.

Освен тоа, ќе се намали и бројот на долги летови. Авио-компанијата соопшти дека бројот на авиони  што привремено нема да летаат, а се наменети за долги летови, ќе се зголеми од 13 на 23.

Како една од мерките против корона вирусот, авио-компанијата ја разгледува и можноста за намалување на работното време на вработените.