Свет 26. јануари 2021. / 11:17

Поради двајца заразени со Ковид-19, 5.000 лица во карантин во Тајван

Поради двајца заразени со Ковид-19, 5.000 лица во карантин во Тајван
Здравствените власти на Тајван ставаат во карантин 5.000 луѓе додека трагаат по изворите на два нови случаи на коронавирус поврзани со нивниот престој во болница.
Официјалните лица денеска соопштија дека не биле во можност да идентификуваат како брачната двојка се заразила по краткиот престој во болницата во Таојуан, близу Тајпеј.
Мажот бил во болница три дена поради здравствени проблеми кои не биле поврзани со коронавирусот, додека сопругата се грижела за него.
Пациентите кои биле отпуштени од болницата помеѓу 6 и 19 јануари, како и лицата кои се грижеле за нив ќе бидат ставени во карантин.
Тајван, со население од над 23 милиони жители, досега има седум смртни случаи од последиците на коронавирусот и нешто повеќе од 900 заразени, иако е близу до Кина од каде започна пандемијата.