Свет 16. август 2018. / 22:37

Поради дојава за бомба германски авион принудно слетал на Крит

Поради дојава за бомба германски авион принудно слетал на Крит

Германски авион со 250 патници принудно слетал на Крит поради дојава за поставена бомба, објави Дојче Веле.

Патничкиот авион со 250 патници и членови на екипажот морал принудно да слета на грчкиот остров Крит поради дојава на бомба. Авионот летал од Египет кон Германија и поголемиот број патници се враќале од годишен одмор.

Aвионот летал од Хургада кон Диселдорф, а по два часа лет морал принудно да слета на аеродромот во Ханиа.

Според грчката државна телевизија, авионот безбедно слетал на воениот аеродром Соуда, а сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани.

Во тек е истрагата на авионот за да се утврди дали дојавата за поставена бомба е вистинска.