Свет 21. октомври 2018. / 12:17

Поради Брексит, многу британски компании почнуваат да разгледуваат „резервни планови“

Поради Брексит, многу британски компании почнуваат да разгледуваат „резервни планови“

Повеќето британски компании планираат да ги започнат своите резервни планови до Божиќ, освен ако условите за брегзит не бидат појаснети, предупреди денеска Конфедерацијата на британската индустрија (CBI) која е водечка деловна организација во таа земја.

Оваа организација објави дека резервните планови вклучуваат можност за откажување, приспособување на синџирот на снабдување надвор од Велика Британија, складирање на стоки и преместување на производството и услугите во странство.