Свет 23. септември 2018. / 19:59

Поплави во Тунис: Четири лица загинаа – водена струја им ги однесе телата (ВИДЕО)

Поплави во Тунис: Четири лица загинаа – водена струја им ги однесе телата (ВИДЕО)

Поплави го погодија североисточниот дел на Тунис, каде загинаа најмалку четири лица, а уништени се куќи, мостови, патишта и полиња.

Властите соопштија дека животот го изгубиле двајца мажи од 58 и 68 години и две жени од 20 и 25 години, кои биле однесени од водена струја, пренесува АП.

Тунискиот премиер Јусеф Шахед денеска го посети градот Набеул, околу 70 километри западно од престолнината, ден откако тој регион се најде на удар на обилни дождови.

„Итно треба да се направат напори за ситуацијата да се врати во нормала“, рече Шахед, додавајќи дека владата ќе додели финансиска помош за луѓето чии куќи и полиња се уништени.