Свет 02. август 2018. / 22:54

Помпео во прва посета на Азија

Помпео во прва посета на Азија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео е во Малезија, на прва посета на Азија чиј фокус е на промовирање на слободната трговија и притисокот врз Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје.

„Ние сме загрижени дека Северна Кореја ги заобиколува санкциите и не ги исполнува своите обврски“, изјави висок официјален претставник на Стејт департментот кој патува со Помпео.

По средбата на претседателот Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во јуни, официјалните претставници на САД се оптимисти дека Пјонгјанг ќе се откаже од своето нуклеарно оружје, иако нема докази дека тие го започнале тој процес. Според висок претставник на Стејт департментот, Северна Кореја се очекува да биде главна тема на Помпео со неговите колеги на самитот на АСЕАН во Сингапур. Таму Помпео најверојатно ќе ги притисне останатите држави да продолжат со притисокот кон Пјонгјанг.

Помпео е првиот висок официјален претставник на САД кој ја посетил Малезија, откако премиерот Махатир Мохамад беше ставен на функција по изборите во мај, наречени „историски“ од страна на висок официјален претставник на Стејт департментот.