Свет 19. ноември 2020. / 14:17

Помпео стана првиот висок американски функционер кој посети израелската населба на Западниот Брег

Помпео стана првиот висок американски функционер кој посети израелската населба на Западниот Брег

Мајк Помпео стана првиот државен секретар на САД и висок американски функционер кој во четвртокот ја посети израелската населба во окупираниот Западен брег, шишива Ерусалим пост.

Дипломатот слета во Израел на почетокот на оваа недела, каде се состана со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Помпео, исто така, треба да ги посети Голанските висорамнини подоцна во текот на денот, кои Израел ги зазеде од Сирија во 1967 година и се смета за окупирана територија од поголемиот дел од меѓународната заедница.

Анексијата на еврејските населби на палестинските територии кои се под воена окупација на Израел од 1967 година беше предложена по мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток.