Свет 14. март 2019. / 20:11

Помпео: Сите американски дипломати ја напуштија Венецуела

Помпео: Сите американски дипломати ја напуштија Венецуела

САД го повлекоа преостанатиот дипломатски персонал од својата амбасада во Каракас, додека кризата во Венецуела се продлабочува, рече државниот секретар Мајк Помпео.

Денеска, сите американски дипломати ја напуштија Венецуела. Знам дека е тежок момент за нив. Тие се целосно посветени на нашата мисија да ги поддржиме аспирациите на луѓето во Венецуела да живеат во демократија и да изградат подобра иднина за своите семејства, рече Помпео.

Владата на САД, на сите нивоа, останува цврста во својата решеност за поддршка на луѓето од Венецуела и привремениот претседател Хуан Гваидо, додаде Помпео.
Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето присуство откако ќе почне транзицијата кон демократија”.