Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е му привлекло внимание како кинеската Влада се заканила оти ќе се меша во работата на американските новинари во Хонгконг, објави Стејт департментот.
Тие новинари се членови на слободни медиуми, а не пропагандни кадри, а нивното вредно известување ги информира кинеските граѓани и светот – нагласи Помпео во соопштение.
Според него, секоја одлука наметната врз автономијата на Хонгконг и слободите загарантирани со заедничката кинеско-британска декларација, може да влијае на американската позиција за принципот „една земја, два система“ и статусот на територијата.