Свет 31. мај 2018. / 09:48

Помпео се сретна со најблискиот соработник на Ким Џонг-ун во Њујорк

Помпео се сретна со најблискиот соработник на Ким Џонг-ун во Њујорк

Најблискиот соработник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера во Њујорк се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео на разговори за историскиот самит.

Генералот Ким Јонг-чол е највисокиот севернокорејски функционер кој ги посети САД по речиси 20 години.

-Добро работна вечера со Ким Јонг-чол во Њујорк вечерва. Стек, пченка и сирење на менито, напиша Помпео на Твитер, по средбата.

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа самитот со Ким Јонг ун закажан за 12-ти јуни, но од тогаш двете страни вложуваат напори тој сепак да се одржи според планираното.

Историската средба на Трамп и Ким Џонг-ун треба да се оджи во Сингапур и ќе биде прв меѓу претседателите на САД и Северна Кореја.

Северна Кореја се спротивстави на изјавите на членовите на администрацијата на Трамп, кои севернокорејската денуклеаризација ја споредија со Либија.

Поранешниот либиски лидер Гадафи се откажа од својата нуклеарна програма, по што неколку години подоцна тој беше убиен од бунтовниците поддржани од Запад.