Свет 24. февруари 2019. / 17:29

Помпео: Се ближи крајот на Мадуро

Помпео: Се ближи крајот на Мадуро

Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео рече дека се ближи крајот за Николас Мадуро, кој САД не го признава за претседател на Венецуела.

-Уверен сум дека благодарение на народот во Венецуела, деновите на Мадуро се избројани, изјави државниот секретар за „Си-ен-ен“.

Тој Мадуро го опиша како најлош од најлошите тирани и говореше за неколку стотици тони храна, лекови и хигиенска опрема кои САД ги испратиле на границата со Венецуела, а чијшто пат беше блокиран на влезот во земјата. Од друга страна, власта на Мадуро тврди дека хуманитарната помош е маневар со кој се прикрива криумчарењето на оружје.