Свет 18. октомври 2018. / 20:37

Помпео: Саудијска Арабија има уште неколку дена да го расветли случајот со исчезнувањето на новинарот

Помпео: Саудијска Арабија има уште неколку дена да го расветли случајот со исчезнувањето на новинарот

„Треба да им оставиме уште неколку дена на саудиските власти за да ја спроведат истрагата“, изјави државниот секретар на САД, Мајк Помпео, по состанокот со претседателот Доналд Трамп и по неговото враќање од Ријад.

Американските власти соопштија дека Саудиска Арабија има уште неколку дена да го расветли исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги на кој му се изгуби секаква трагаа на 2 октомври кога тој отиде во конзулатот на својата земја во Истанбул.

Помпео потврди дека на саудиските власти јасно им ставиле до знаење дека дека САД се многу сериозни во врска со овој случај за кои турските медиуми тврдат дека тој бил убиен во конзулатот.

59-годишниот новинар од минатата година живеел во САД, а за „Вашингтон пост“ долго време пишувал за Саудиска Арабија. Тој ги критикуваше саудиската воена интервенција во Јемен, неодамнешниот дипломатски спор со Канада и апсењето на активистите за правата на жените.