Свет 24. септември 2018. / 11:11

Помпео: Санкциите против Северна Кореја нема да се намалат

Помпео: Санкциите против Северна Кореја нема да се намалат

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека економските санкции против Северна Кореја нема да бидат намалени додека таа не ја заврши денуклеаризацијата на земјата.

Помпео ова го изјави по понудата на севренокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да го затвори главниот нуклеарен погон во земјата за американски отстапки.

Помпео ја повика Кина на состанок на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.