Соединетите Американски Држави (САД) се подготвени целосно да ја снабдуваат Белорусија со енергетски ресурси по конкурентни цени, изјави денеска во Минск државниот секретар на САД, Мајк Помпео.
Нашите производители на енергија се подготвени да испорачаат 100 проценти од потребната нафта по конкурентни цени. Ние сме најголемиот производител на енергија во светот и сè што треба да направите е да нè повикатерече Помпео по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко и министерот за надворешни работи Владимир Макеј.
Помпео е првиот државен секретар на САД кој ја посетил Белорусија во последните 26 години, во време на напнати односи меѓу Минск и Москва поради енергетски прашања.
На состанокот со Лукашенско тој изрази надеж дека ќе помогне да ѝ се даде можност на Белорусија да ги оствари „суверенитетот и независноста“ кон кои тежнее.
САД сакаат да ѝ помогнат на Белорусија да изгради своја суверена држава“, рече Помпео на заедничката прес-конференција со Макеј.
Белорусија и Русија не успеаја да постигнат договор за снабдување со нафта за оваа година, поради што Русија ги прекина испораките на белоруските рафинерии, иако делумно ги обнови на 4 јануари.