Свет 03. мај 2020. / 19:42

Помпео: Постојат многу докази дека Ковид-19 потекнува од лабораторија

Помпео: Постојат многу докази дека Ковид-19 потекнува од лабораторија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека постојат многу докази дека новиот коронавирус потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, а не од пазар.

– Постојат бројни докази дека таму се почнало. Уште од почеток зборувавме дека вирусот потекнува од Вухан, истакна Помпео за Еј-Би-Си.

Меѓутоа, тој не кажа директно дали според него коронавирусот е намерно проширен.

Помпео додаде дека нема причина да се сомнева во ставот на американските разузнавачки служби дека Ковид-19 го создал човекот и дека вирусот не е генетски модифициран.

Според него, кинеската страна не дозволува пристап до важни информации и ова не е првпат светот да биде изложен на вирус поради, како што вели, „пропуст во работата на кинеските лаборатории“.