Свет 17. април 2020. / 19:45

Помпео: Поради лажливото однесувањето на Кина околу пандемијата, државите ќе размислат за „Хуавеј“

Помпео: Поради лажливото однесувањето на Кина околу пандемијата, државите ќе размислат за „Хуавеј“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека улогата на Кина во глобалната пандемија на корона вирусот веројатно ќе ги принуди државите да ја преиспитаат својата телекомуникациска инфраструктура, вклучително и усвојување на кинеската Хуавеј 5Г мрежа.

На прашањето за употребата на Хуавеј и 5Г технологијата, Помпео во интервју за „Фокс Бизнис“ изјави дека е многу уверен оти фактот дека Комунистичката партија на Кина не била транспарентна и отворена и не постапувала со податоците на соодветен начин, ќе предизвика многу земји да го преиспитаат она што го направиле во врска со нивната телекомуникациска архитектура.

Кога Хуавеј ќе им затропа за да им продаде опрема и хардвер, тие ќе имаат поинаква призма преку која ја гледаат таа одлука – истакна Помпео.