Свет 04. април 2019. / 19:01

Помпео: Новиот дигитален данок ќе им наштети на Французите

Помпео: Новиот дигитален данок ќе им наштети на Французите

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, за време на средбата со францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан, предупреди дека даноците што Франција ги воведе за дигиталните гиганти „Фејсбук” и „Гугл” ќе им наштетат и на граѓаните на Франција.

Секретарот Помпео ја повика Франција да не го одобри новиот закон за дигитални даноци, што негативно ќе влијае на американските технолошки фирми и на француските граѓани кои ги користат, се вели во соопштението на Стејт департментот по средбата во Вашингтон.