Американскиот Стејт Департмент соопшти дека државниот секретар Мајк Помпео ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров и со рускиот претседател Владимир Путин.
Средбите, според соопштението, ќе се одржат во рускиот пристанишен град Сочи на 14 мај, а на нив ќе стане збор заголем опсег на билатерални и мултилатерални предизвици со кои се соочуваат САД и Русија.