Американскиот државен секретар Мајк Помпео размислува да се кандидира за сенаторското место на Канзас кое наскоро ќе се испразни, бидејќи сенаторот Пат Робертсон најави дека ќе се пензионира откако ќе му истече мандатот, пренесува „Политико“.
Помпео, наводно, нема донесено никаква одлука по ова прашање, но републиканците во Сенатот активно го убедуваат да ја поднесе својата кандидатура.
Помпео, поранешен конгресмен на Канзас (2011-2017) и директор на Централната разузнавачка служба (ЦИА), беше потврден за американски државен секретар во април минатата година. За разлика од неговиот претходник Рекс Тилерсон, Помпео, наводно, не е во конфликт со Доналд Трамп и генерално ја поддржува надворешната политика на претседателот.
Државните секретари во САД поднесуваат оставка по првиот мандат на американскиот претседател дури и ако шефот на државата е реизбран за втор мандат.
Не е традиција ниту должност на државниот секретар да се повлече, меѓутоа во изминатите 40 години само двајца државни секретари, Хенри Кисинџер и Џорџ Шулц, работеле во два последователни претседателски мандати.