Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека постојат докази дека кинеските власти се вклучени во масовна и системска репресија врз муслиманите и другите малцинства на западот од Кина.
Помпео појасни дека, според документите, нема сомнение во обемот на камапњата во кинескиот регион Синѓанг.
Како што наведе Помпео, проценките се дека околу милион лица се наоѓаат во логори и дека Кина треба да ги ослободи сите кои самоволно ги затворила.
Протекувањето на класифицираните информации покажало дека камповите не се за доброволна обука за работа, како што наведува Пекинг. Во нив се наведува дека камповите се користат за присилно идиолошко превоспитување.