Свет 03. јануари 2020. / 15:33

Помпео истакна дека по убиството на Сулејмани САД се посветени на деескалацијата

Помпео истакна дека по убиството на Сулејмани САД се посветени на деескалацијата

Американскиот државен сектерар Мајк Помпео, потенцира дека Вашингтон е посветен на „деескалација“, откако во американски напад во Багдад беше убиен Касем Сулејмани, архитектот на растечкото влијание на иранската војска на Блискиот исток.

Помпео на Твитер напиша дека разговарал со шефот на британската дипломатија Доминик Раб и највисокиот кинески дипломат Ванг Ји за американската одлука да се елиминира Сулејмани, кој беше командант на елитната иранска едница Кудс, јавија британските медиуми.


Сулејмани беше убиен утринава во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.