Американскиот државен секретар, Мајк Помпео потврди дека самопрогласениот претседател на Венецуела и лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо, има право да ја преземе контролата врз банкарските сметки на Венецуела во која било американска банка.
Помпео рече дека тоа ќе и помогне на легитимната влада на Венецуела да ги чува овие средства во полза на венецуелскиот народ, објави АП.
Гуаидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела, а неговиот потег го признаа САД, Канада и голем број други земји.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го обвини Вашингтон дека организирал државен удар во земјата и најави дека Каракас ги прекинува дипломатските врски со Вашингтон.