Свет 19. април 2020. / 18:15

Помпео ги поздрави православните христијани по повод Велигден

Помпео ги поздрави православните христијани по повод Велигден

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа испрати поздрави до сите православни христијани кои викендов го одбележуваат празникот Велигден – Христовото Воскресение.

-Испраќаме велигденски поздрави и посакуваме радост во ова благословено време на годината. Иако црквите низ цел свет од неодамна се празни, вербата го полни светот секој ден. Нека вашата вера ги зацврсти вашите надежи, како и одлучноста во време на борба со пандемијата на Ковид-19, од која страда целиот свет, независно од етничката, расната или верската припадност, се вели во честитката што Помпео ја испрати од негово и името на неговата сопруга Сузан.

Државниот секретар посочи дека САД „неуморно ќе работат со светското општество за да го ослободат светот од оваа епидемија“.