Свет

Помпео денеска пристигна во посета на Јапонија

Помпео денеска пристигна во посета на Јапонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигна во посета на Јапонија каде ќе се сретне со премиерот Шиндзо Абе и министерот за надворешни работи Таро Коно.

Се очекува Помпео со јапонските функционери да разговара за неговата утрешна посета на Северна Кореја.

Американскиот државен секретар претходно најави дека по посетата на Пјонгјанг, може да бидат објавени датум и место за втора средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.